Единство

АД Единство од Струмица е основана на 01.10.1966 година од страна на група граѓани и во почетокот работи под името Задруга за шивачки услуги и промет со готови текстилни производи. Во 1973 година задругата се конституира како ОЗТ Единство. Во 1976 година претпријатието прераснува во Работна организација Конфекција и Трикотажа Единство Струмица. Истата година е отворено и плетачко одделение како проширување на дејноста на претпријатието. Исто така е воведена и работа по СИЦ – системот односно работа по домови.

Во 1985 година е изградена нова фабрика со вкупна покриена корисна површина од 6.000 метри квадратни. Во 1991 година претпријатието е регистрирано како Акционерско друштво во мешовита сопственост Конфекција и Трикотажа Единство Струмица. Во 1996 година, по добивањето на решението од Комисијата на Владата на Република Македонија, претпријатието е регистрирано како Акционерско друштво во приватна сопственост Конфекција и трикотажа Единство.

Во 2001 година, со измените на Законот за трговски друштва, претпријатието пререгистрирано во Акционерско друштво Единство Струмица.

Во правниот промет со трети лица, фирмата настапува во свое име и за своја сметка а за обврските направени во прометот има целосна одговорност. Сопственици на претпријатието се акционерите на друштвото.

Денес АД Единство е позната фирма на домашниот и странскиот пазар за производство на наменски програм како униформи за полиција, војска, програм за железници, пошти, банки како и школски програм. Се произведуваат машки и женски панталони и сако.

Во фирмата е воведен системот за квалитет 9001:2008 стандардот и истиот успешно се спроведува.

АД Единство Струмица ја утврди ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ заради обезбедување производите и услугите кои им ги испорачува на корисниците во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и истата треба да претставува можност за воспоставување и остварување на дефинираните цели за квалитет.
За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:

- Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите,
- Да се реализираат решенијата кои во целост ги подмируваат барањата и потребите на корисниците;
- Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврски постојано да се развива и усовршува;
- Да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа;
- Да обезбедиме сигурна и здрава работна околина и да ги преземеме сите ефективни мерки за да се спречи наставување на потенцијални несреки и повреди;
- Ќе се гарантира сигурност на вработените и заштита од дискриминација, вознемирување и заплашување, односно истите ќе бидат достоинствено третирани;
- Прифаќање синдикално организирање и приклучување на организациите за заштита на правата на работниците;
- Почитување на националните законски одредби;
- Да се применува и подобрува ефикасноста на ситемот за управување со квалитет, втемелен на барањата на меѓународните норми ИСО 9001: 2015 и да се тежнее кон надминување на висината на тие барања;

Секој вработен во фирмата мора да биде запознаен со политиката да ја сфати, прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.